Амнести предупредува на злоставување на затвореници во Авганистан | Вести | DW | 13.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Амнести предупредува на злоставување на затвореници во Авганистан

*

Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнал ги повика НАТО силите во Авганистан да не ги предаваат уапсените на локалните власти. Во извештајот на оваа организација се наведува дека постојат информации за малтретирање и злоставување на затворениците. Амнести вели дека и покрај ваквите информации НАТО продолжил со предавање на затворениците на авганистанските служби. Портпарол на Алијансата ги отфрли ваквите тврдења. Партијата на Зелените и Либералите во Германија во врска со информациите побараа објаснување од сојузната влада, со оглед на фактот дека во тамошните апсења учествуваат и војници на Бундесверот.