Аларм: Инсектите и птиците умираат! | Панорама | DW | 20.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Аларм: Инсектите и птиците умираат!

Две одвоени студии открија драматичен тренд во Германија: бројот на летечки инсекти се намалил за 76 проценти во последните 27 години. И бројот на птиците паднал за 15 проценти во последните 12 години

Студија на германската Унија за природа и зачувување на биодиверзитетот (НАБУ) заклучува дека севкупниот број на птици во Германија драматично се намалува последните години. Во последните 12 години исчезнале 12,7 парови птици за одгледување. Тоа е околу 15 проценти од целата птичја популација. Студијата на НАБУ беше објавена само еден ден откако друг тим истражувачи ги објавија нивните пронајдоци за падот на бројот на летечки инсекти. Таму, бројките се уште подраматични. Во Германија има 76 проценти помалку инсекти отколку пред 27 години.

Врската меѓу инсектите и птиците

Според НАБУ, падот на бројот на птиците ги погодува најмногу незагрозените видови, како што е Сколовранецот, кој беше прогласен за „Птица на годината 2018“ од германските оринитолози. И други птици, како врапчињата, ѕвингалките, чучурлигите и други. Од друга страна, популацијата на некои ретки и загрозени птици се стабилизираше благодарение на специјалната заштита. Обете студии сугерираат дека постои блиска врска меѓу падот на бројот на инсектите и на птиците.

„Речиси сите погодени птичји видови ги хранат своите млади со инсекти“, вели орнитологот од НАБУ, Ларс Лахман.

Студијата за инсекти се базира на податоци добиени од тоталната маса на летечки инсекти уловени во специјални замки поставени уште во 1989 година. Замките се инсталирани во 63 различни заштитени хабитати во германските покраини Северна Рајна-Вестфалија, Бранденбург и Рајнланд Фалц. Секоја сезона, замките се празнат за да се истражи бројот на уловени инсекти во одреден временски период.
На тој начин беа уловени 53,54 килограми инсекти. Во просек тоа е пад за 76 проценти. Налето - кога има повеќе инсекти - бројот е намален за 82 проценти.

NABU Insekten Hornissen-Schwebfliege (NABU/ H. May)

Инсектите, како оваа пчела, се индикатор за здрава животна околина

Полошо од очекувањата

Иако истражувачите очекуваа намалување, сепак неговиот размер ги изненади научниците, вели Каспар Халман од Универзитетот во Нејмеген, Холандија кој е водечки автор на студијата за инсектите.
Причините за намалувањето на бројот на птиците и инсектите, од друга страна, остануваат нејасни.
Климатските промени не се веројатно објаснување. Вообичаено, топлата клима е попријатна за инсектите и оттука и за птиците. Зголемувањето на просечните температури, всушност, требаше да ја зголеми нивната популација.

Но, можно е да има врска со модерното земјоделство. Неколку фактори тука играат улога. На пример, може да е поврзани со пестицидите- особено инсектицидите- кои ги користат земјоделците, или ѓубривата кои ја менуваат биологијата на почвата и растенијата. Можно е да има врска и со земјоделците кои постојано ги обработуваат истите површини без да им дозволат време за регенерација, или фактот дека неискористените површини, како грмушките и џбуновите покрај патиштата засилено исчезнуваат.
Лахман вели дека најпогодени се птиците во земјоделските предели. Развојот на земјоделското земјиште веројатно е причината за масовниот пад на бројот на птиците“.

Гледај видео 01:01

Инсектициди ги убиваат пчелите


Земјоделскиот еколог Теја Чарнтке од Универзитетот Георг Аугуст во Готинген предупредува дека намалувањето на бројот на инсектите во заштитените зони укажува дека тие ја губат својата функција како здрави региони за размножување на нови генерации инсекти. Откако еднаш ќе го напуштат заштитениот хабитат, тие се загубени и не можат да преживеат.

Од германското здружение на земјоделци, пак, дошле до поинаков заклучок.
„Имајќи предвид дека броењето на инсектите е извршено во заштитени хабитати, тоа покажува дека е прерано да се обвини земјоделството“, вели генералниот секретар Бернхард Крискен. „Новата студија експлицитно споменува дека се потребни дополнителни истражувања за обемот и корените на падот на бројот на инсектите“.

Во едно нешто сите се согласуваат: доколку состојбата е лоша за инсектите, птиците и други животни ќе страдаат, дури и влекачите. А не е добро ни за земјоделството, кое е зависно од инсектите за запрашување на растенијата.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама