Активистите бараат 1 отсто од БДП за заштита од аерозагадувањето | Македонија | DW | 07.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Активистите бараат 1 отсто од БДП за заштита од аерозагадувањето

Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“ бара од македонската влада, од буџетот за 2018 година да се издвои еден процент од БДП кој би одел во посебен фонд за заштита на животната средина во земјата.

Поради катастрофалната еколошка состојба во Македонија, еко-активистите бараат од владата да издвојува средства од буџетот во вредност од еден отсто од БДП во посебен фонд за заштита на животната средина.

„Потсетуваме дека според Светската Банка (2015), како последица на аерозагадувањето македонската економија трпи годишни загуби од 253 милиони евра или 3,2% од БДП, што значи дека реалниот раст на економијата изминативе години е 0%. Овој тренд мора да запре“, велат од здружението.

Екологистите ги наведуваат податоците на Еуростат, во 2015 година Словенија одвоила 389 милиони евра, а Бугарија - 358 милиони евра од буџетот за заштита на животната средина. Вкупните расходи за заштита на животната средина на владите во ЕУ-28 земјите изнесувале просечни 0,8% од БДП. Годишниот буџет на Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија варира помеѓу пет и десет милиони евра.

Гледај видео 02:08

Задушени Скопјани бараат итни мерки

Активистите велат дека проектот „Скопје 2014“ за кој државата потроши 700 милиони евра пари на граѓаните, е пример за лошо приоретизирање на јавните политики.

„Го повикуваме Министерството за животна средина итно да изготви акциски план и соодветни проекти за бараните средства“, бараат активистите.

Скопската општина Аеродром најави први конкретни мерки за заштита на животната средина. Градоначалникот Златко Марин најави дека општината ќе издвои околу 300.000 евра за реализација на конкретни мерки за почист воздух, односно 20 пати повеќе од досегашните средства на годишно ниво.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама