1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Asyl Zeichen
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Нагло зголемен бројот на македонски барања за азил во Европа

ДТЗ
23 февруари 2022

Од 1.230 барања, лани бројката скокна на 4.922 апликации за азил. Тринаесетмина побарале статус на бегалци. Најголем број од нив се обиделе да најдат засолниште во Германија.

https://www.dw.com/mk/%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D1%83%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D0%BB%D0%BE-%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD-%D0%B1%D1%80%D0%BE%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BB-%D0%B2%D0%BE-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0/a-60883704

Се зголемува бројот на македонски граѓани коишто се обидуваат да добијат азил во некоја од европските дестинации. Ако на почетокот на пандемијата владееше затишје, во текот на минатата година азилантите повторно се „разбудија“. Бројот на баратели на азил од Северна Македонија во европските земји е четирикратно зголемен во текот на 2021 година.

Најновите податоците на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA) покажуваат општ тренд на зголемување на бројот на азиланти, како пред пандемијата, но Северна Македонија се посочува како една од земјите каде што има драстично зголемување на бројките. Ако во 2020 година имало 1.230 баратели на азил во европските земји, сега бројката достигна до 4.922 барања поднесени од македонски граѓани. Од нив 2.822 апликанти за првпат си ја пробале среќата да добијат азил, додека 2.170 граѓани повеќепати се обиделе да заминат од земјата во некоја од европските дестинации. Најголемиот број од нив се обиделе да најдат  засолниште во Германија.

Deutschland Flüchtlinge Thema Familiennachzug
 Лани во Германија азил побарале над 4.500 лица од Северна МакедонијаФотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Засолниште во Германија 

Тоа го потврди и извештајот на германската агенција ДПА, која во јануари 2022 година објави дека лани во Германија азил побарале над 4.500 лица од Северна Македонија. Повикувајќи се на статистиката на Сојузната агенција за миграција и бегалци (БАМФ), агенцијата наведе дека бројот на македонски баратели е значително зголемен во споредба со периодот пред тоа. 

Лицата од Северна Македонија, инаку, во статистиката на БАМФ за претходната деценија, каде се прикажани десетте земји од каде доаѓа најголем број баратели кои првпат поднесуваат барање за азил во Германија, не се појавуваат во последните пет години - од 2016 до 2020 година. Претходно, најмногу македонски баратели на азил се забележани во 2015 година - 9.083. Во 2014 година имало 5.614, во 2013 година - 6.208, во 2012 година - 4.546, а во 2011 година - 1.131 баратели на азил. Во информацијата на ДПА за ситуацијата со барателите на азил во 2021 година се наведува и дека може да се забележи голем удел на повторно поднесени барања за азил на лица од Западниот Балкан кои претходно отпатувале од Германија.

Податоците од извештајот на Агенцијата за азил на Европската унија, пак, покажуваат дека од вкупно 4.922 апликации, 1.859 барања чекале да дојдат на ред за разгледување повеќе од 6 месеци. Тринаесетмина македонски граѓани побарале статус на бегалци во некоја од европските земји. Минатата година негативно било одговорено на 3.395 апликации поднесени од македонски граѓани, за разлика од 2020 година, кога биле одбиени 1.650 апликанти. 

Најголем број барања од Северна Македонија за азил во Европа се поднесени во 2015 година - над 15.600, но повеќето барања биле одбиени веќе следната година. 

Symbolbild Asylbewerber Asyl Migranten Asylant Asylantenheim
Најголем број барања од Северна Македонија за азил во Европа се поднесени во 2015 година - над 15.600, но повеќето барања биле одбиени веќе следната годинаФотографија: picture-alliance/dpa

По затишје - бум на азиланти 

Во 2020 година беа поднесени невообичаено малку барања за азил поради избувнувањето на пандемијата на Ковид-19. Но, по една година затишје, последниот извештај на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA) покажува дека бројот на барања за азил поднесени во ЕУ, Норвешка, Швајцарија и Велика Британија е зголемен за една третина во 2021 година. 

-повеќе на темата: Во Германија има зголемен број македонски баратели на азил

Вкупно, 617.800 барања за меѓународна заштита се поднесени во 2021 година, што означува враќање на бројките пред пандемијата. Главни земји на потекло се Сирија со 106.000 апликации, Авганистан со 97.800 апликации, што е двојно зголемено од 2020 година и Ирак со 28.700 апликации. Други земји со зголемени апликации се Белорусија, со 3.800 апликации, трипати повеќе од претходната година и Северна Македонија, која четирикратно ги зголемила апликациите на речиси 5.000.

Но, како што се наведува во извештајот, само 35 проценти од сите апликации во ЕУ, Норвешка, Швајцарија и Велика Британија се прифатени. Сѐ уште се заглавени околу 443.000 нерешени апликации, со што нивната бројка континуирано се зголемува од јуни 2021 година. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница