Аеродромската писта во Хановер „расцвета“ од горештината | Свет | DW | 25.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Аеродромската писта во Хановер „расцвета“ од горештината

Летната горештина предизвика испукување на стартната писта на аеродромот во Хановер. Бројни летови беа откажани, а стотици патници ноќта ја поминаа во аеродромската зграда.

Континуираните високи температури предизвикаа оштетувања на расположивата аеродромска писта, поради што аеродромот во Хановер синоќа мораше да биде затворен. Јужната писта веќе е надвор од употреба поради санирачки работи.

Утрово, по поправката која беше извршена ноќеска, воздушниот сообраќај е повторно воспоставен, потврди портпаролка на аеродромот, но сѐуште има отпаднати летови и доцнења. „Планираме попладне целосно нормализирање на состојбата“, изјави портпаролката.

Засегнати од затворањето на аеродромот, според официјални информации, биле 41 полетување и 44 приземјувања. За патниците кои останаа заглавени на аердромот ноќеска биле донесени монтажни кревети. Дел од авионските летови кон Хановер биле пренасочени кон Падерборн или Диселдорф.

Екстремно високите температури во Германија инаку продолжуваат, за денеска се предвидуваат 36 степени, а за в петок дури 38 степени.

DW.COM

Реклама