Фотографија на денот: Збогум Авганистан! | Свет | DW | 15.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Збогум Авганистан!

20 години по почетокот на војната во Авганистан, НАТО почнува официјално со подготовки за враќање на своите војници од таа земја.

Министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите од Алијансата постигнаа согласност за почеток на повлекувањето на војниците на 1 мај годинава. Повлекувањето би требало да трае неколку месеци и да заврши до 11 септември. Во моментов во Авганистан има околу 10.000 војници од земјите на НАТО и партнерски држави.

„Ова не е крај, ова е почеток на ново поглавје“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој потсети дека во изминатите две децении во Авганистан загинале околу 3500 војници, а ранети биле над 20.000. „Никогаш нема да ја заборавиме солидарноста на НАТО“, вети американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен. На оваа #ФотографијаНаДенот американски војници по враќањето од деветмесечната мисија во Авганистан си го чекаат багажот.