1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големи изложби за Карл Маркс

ЕМФ /агенции
4 мај 2018

По повод 200. роденден на Карл Маркс во Трир се отвораат три големи изложби. Во фокусот е изложбата за неговиот живот и дело.

https://p.dw.com/p/2xAPr
Kultur.21 Karl Marx in Farbe
Фотографија: DW

За животот и делото на Карл Маркс во Трир се изложени повеќе од 400 експонати од 11 земји . Утре (5.05.2018) ќе биде отворена и големата статуа која е подарок од Кина. Огромната статуа предизвика многу контроверзи. Критичарите велат дека подарокот од Кина е „отровен“ зашто тој ќе го направел Трир „светилиште“ за нејзините партиски функционери.

Карл Маркс - роденденот и статуата

Градоначалникот на Трир, Волфрам Лајбе, објаснува:

„За статуата дискутиравме речиси две години. Ја прифативме како гест на пријателство. Оваа статуа треба да ги охрабри луѓето да се занимаваат со Карл Макрс, потоа можеби да дојдат на изложбата и да видат - кој е Карл Маркс и да преиспитаат дел од ставовите или предрасудите.“

Карл Маркс е роден во 1818 година во Трир и во градот ги поминал првите 17 години од животот. Тој важи за духовен татко на комунизмот.