Џорџ Буш во контранапад
14 јануари 2007Реклама
Овие зборови на Буш се пред се насочени кон опозициските Демократи кои по изборите во ноември имаат мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес:
Членовите на Конгресот имаат право да ги искажуваат своите мислења и да го прават тоа сосема јасно . Но оние кои одбиваат да му дадат шанса на овој план да профункционира имаат обврска да понудат алтернатива која има подобра шанса за успех. Да се сперотиставуваш на се а да не предлагаш ништо е неодговорно- истакна Буш
Демократите го критикуваа пред се планот на Буш за испраќање на дополнителни 20 илјади војници во Ирак . Наместо тоа пгоолемиот дел од опозициските пратениците во Претставничкиот Дом и во Сенатот се залагаат за постепено повлекување на американската армија од Ирак.