1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг – Косово

5 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag7O

Резолуцијата за Косово ќе биде донесена во Советот за безбедност на ОН, изјави германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг. Тој отфрли да ја коментира можноста за унилатерално прогласување независност на Косово и евентуално нејзино признавање од страна на Германија. Јунг повтори дека Германија и дава силна поддршка на реализацијата на планот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Јунг информираше дека за статусот на Косово во ОН ќе се разговара во текот на мај.