Јужнорејските заложници се вратија во татковината
2 септември 2007Реклама
Повеќе од шест недели по нивното грабнување во Авганистан, 19- те јужнокорејски заложници се вратија во нивната татковина.
На аеродромот во Сеул изразија жалење што им причинија грижи на владата и на народот, како и благодарност што се повторно дома.
Дваесет и тројцата христијански хуманитарци беа киднапирани од радикално исламистичките Талибанци во Авганистан во средината на јули. Јужнокорејската влада ги демантираше тврдењата на грабнувачите дека платила откупнина од 20 милиони долари.