Штрајк на машиновозачите во Германија
25 октомври 2007Реклама
Германските машиновозачи во организација на нивниот синдикат денеска го започнаа најдолгиот,30 часовен штрајк од почетокот на спорот со раководството на железницата.Во регионалниот и меѓуградскиот сообраќај доаѓа до значителни застои.Синдикатот бара поголеми плати за машиновозачите и единствен тарифен договор.