Штрајк во германскиот Телеком
10 мај 2007Реклама
96 насто од вработените во германскиот Телеком се изјаснија за одржување штрајк. Шефот на преговарачкиот тим на синдикатот Верди, Лотар Шредер соопшти во Бон дека штрајкот ќе започне веќе утре. На тој начин Телеком за првпат од приватизацијата пред 12 години ќе се најде во штрајк. Причина е планираното распоредување на 50 илјади вработени кои треба да работат во сервисните служби подолго време за помали плати.