Штрајкот во француската железница продолжува
17 ноември 2007Реклама
Во Франција, четврти ден, продолжува штрајкот на железничарите. Од железницата најавија дека денеска ќе отпаднат две третини од брзите возови. Во околината на Париз и други градови се јавува за големи застои во автомобилскиот сообраќај. Причина за штрајкот се најавените планови на претседателот Саркози за промени во пензискиот систем.