1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Шаренило“ и за МРТВ

СН/тн/сдк/шт7 мај 2016

Маршот на „Шарената револуција“ продолжува и денеска (07.05.2016). Во фокусот на протестот ќе биде Македонската радио телевизија, соопштија од здружението „Протестирам“.

https://p.dw.com/p/1IjZQ
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Во соопштението на официјалната Фејсбук страница на здружението „Протестирам“, кое го пренесуваат македонските медиуми се наведува дека вечер протестот ќе биде посветен на јавниот медиумски сервис на Македонија, со порака дека МРТВ е сервис на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните.

„Ќе маршираме дотаму за да им порачаме дека тие се наш сервис и дека нивна задача е да работат професионално, а не партиски“, се вели во соопштението на „Протестирам“.

Маршот како и секогаш досега ќе започна пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во 18 часот.

„Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на Македонската радио телевизија, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е оттуѓен од народот и е слуга на партиските интереси на власта. Заедно со приватните режимски медиуми, МРТВ учествува во демонизирање на критиката и е комплетно посветена на промоција на корумпираниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со пари на граѓаните креира розова слика за реалноста и го одржува режимот на власт“, стои во соопштението на „Протестирам“.

Macedonian Radio Television, MRT
Фотографија: Petar Stojanovski

Од другастрана Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), според досега објавените информации во македонските медиуми и вечерва најави собир во Битола кој ќе започне во 19 часот пред Офицерскиот дом во градот.

Под мотото „За Македонија се работи“ поддржувачите на ГДОМ порачуваат дека се против деструктивни сценарија и оти само со избори ќе биде ставен, како што истакнуваат, конечен крај на деструкциите на СДСМ и кризата во која опозицијата ја втурна Македонија. Од ГДОМ бараат и повлекување на одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов за аболиција.