Шансата е пред Македонија
11 јуни 2007“Најбитно е тоа што САД остануваат силни поддржувачи на следниот круг на проширување на алијансата и за нас е исто така многу важно што Република Македонија од нивна страна ја гледаат како една од земјите потенцијални кандидати за членство“, изјави македонскиот претседател, Бранко Црвенковски во Охрид.
Шансата е тука, пред нас, и од нас зависи дали ќе го направиме она што од нас се очекува – да направиме и демонстрираме конкретни резултати и да заборавиме на внатредржавните недоразбирања, за да ја искористиме историската шанса за влез во НАТО, додаде Црвенковски. Тој изрази надеж дека…
“…ќе смогнеме сите заедно сили и дека во минатото ќе ги оставиме политичкиот дијалог, бојкотот на парламентот, кавгите и расправиите во владината коалиција, интерпелацијата и слично, и дека заедно – и власта и опозицијата и сите државни институции, ќе се посветиме на тоа да ја искористиме оваа, би рекол, историска шанса.“
Што се однесува до изјавата на американскиот претседател, Џорџ Буш околу независноста на Косово, Црвенковски со коментар:
“Прилично децидната изјава на претседателот Буш ја толкувам како силна решеност на Вашингтон во наредниот период да направи се‘ што е можно планот на Ахтисари да се официјализира и да се пристапи кон негова имплементација.“