Чеку очекува независност на Косово
25 мај 2007Реклама
Косовскиот премиер Агим Чеку верува дека е прашање на ден кога Советот за безбедност на ОН ќе донесе резолуција со која ќе биде отворен патот за независност на Косово . Во интервју за македонската телевизија Сител , Чеку изрази уверување дека Русија на крајот ќе го промени ставот и ќе гласа за резолуцијата во Советот. Министерот за надворешни работи на Италија , Масимо Далема во меѓувреме истакна дека Рим ја подржува независноста на Косово и ги повика властите во Белград да се свртат кон иднината.