Чеку вели дека Ишингер му кажал дека независноста на Косово е готова работа
25 септември 2007Реклама
Косовскиот премиер Агим Чеку во интервју за германскиот весник Франкфуртер Рундшау изјави дека претставникот на ЕУ вопреговарачката тројка за Косово , Волфганг Ишингер му рекол дека косовската независност воопшто не се доведува во прашање . Чеку истакнува дека германскиот дипломат му рекол дека независноста е на Косово е готова работа. Српскиот премиер Воислав Коштуница денеска пак порача дека е опасна заблуда на еден дел од меѓународната заедница која смета дека е можно на Србија да и се наметне решение за Косово и Метохија . Инаку американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во интервју за Ројтерс изјави дека само независност на Косово може да донесе стабилност на балканот.