Црвенковски на Самит во Брно
25 мај 2007Реклама
Претседателите на Чешка и на Хрватска, Вацлав Хавел и Стипе Месиќ, денеска во Брно свечано го отворија 14 Самит на шефови на државите од средна и источна Европа. Меѓу осумнаесетте претседатели е и шефот на македонската држава Бранко Црвенковски кој денеска се обраќа на првата сесија на тема „Централна Европа сегашни проблеми и предизвици на иднината“. На денешната сесија се третираат проблемите со кои се соочуваат земјите од Централна и Југоисточна Европа, состојбите во Косово. Енергетската безбедност и меѓусоседските односи во регионот.