Црвенковски во Берлин
19 јуни 2007Реклама
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, кој се наоѓа во посета на Германија, во овие моменти има средба со својот домаќин, шефот на германската држава Хорст Келер.
Нема дилеми дека ЕУ ќе биде способна за проширување, по поставувањето на новите основи за соработка меѓу нејзините членки,изјави претходно во разговорот со Црвенковски претседателот на германскиот Бундестаг Норберт Ламерт.
Во фокусот на разговорите при посетата на Берлин на македонската делегација во која е и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски се членството на Македонија во ЕУ и НАТО и прашањето со статусот на Косово.Црвенковски претпладнето се сретна и со претставници на Социјалдемократската партија на Германија.