Хитлер – атентат –годишнина
20 јули 2007Реклама
Во Германија денеска се одбележува 63 годишнината од неуспешниот атнетат врз Адолф Хитлер. Претставници на Бундесратот и на Сојузниот уставен суд ќе положат венци пред споменобележјето Бендлерблок и на местото каде што атентаторите биле застрелани. Вечерва, поранешниот канцелар Хелмут Кол на традиционалната заклетва на нови регрути на армијата, ќе одржи говор во Берлин. На 20 јули 1944 година полковникот Клаус Шенк Граф фон Штауфенберг и тројца соучесници, се обиделе во Бендлерблок за време на еден разговор да го убијат Хитлер со куфер-бомба. Непосредно по неуспешниот атентат сите четворица се застрелани.