Хакерски упад во владините компјутери во Берлин?
26 август 2007Реклама
Во компјутерите на кабинетот на германската канцеларка Меркел се пронајдени повеќе тајни шпионски програми, пишуваат германските медиуми. Според информациите на “Дер Шпигел” пронајден е таканеречениот Тројанец од Кина. Министерството за внатрешни работи не сакаше директно да ја потврди информацијата за хакерски упад во владините компјутери. Преземени се мерки за одбрана од Тројанци, изјави портпаролот. Поради тоа не се регистрирани штети во системот.