Фудбалски скандал во Данска
4 јуни 2007По фуриозниот лов на резултатот по водството на Шведска од 3 спрема 0, на фудбалерите на Данска им успеа да израмнат. Но, тогаш една минута пред крајот, на публиката и застана здивот: данскиот фудбалер Кристијан Паулсен го удри со тупаница противничкиот играч Маркус Розенберег. Судијата Фандел му покажа црвен картон на Паулсен и покажа на белата точка. Тоа беше премногу за еден 29-годишен навивач кој ја прескокна одградата и го нападна судијата. Данските фубалери го заштитија Фандел и спречија уште полоша ситуација. По прекинот сосем е јасно дека натрпеварот ќе биде регистриран со 3 спрема 0 за Шведска. Судијата Херберт Фандел за прекинот изјави:
„Сосем добро знам да се снајдам во таква ситуација и отпосле можам да кажам дека сум задоволен што во толку екстремна ситуација м го донесов вистинското решение. Многу е важно заедно – новинарите, тренерите, играчите, судиите, да покажеме со прст кон играчите што играат на тој начин. Јасно да кажеме дека тоа претставува почеток на катастрофа и дека таквите немаат што да бараат на теренот„.
Данскиот тренер Мортен Олсен по натпреварот му се извини на судијата, а за постапката на својот фудбалер изјави:
„Ова е црн ден за данскиот фудбал. Она што го направи Паулсен е непростливо„.