Литература
Љубовта кон читањето
23 април 2019Реклама
Датумот избран за Светски ден на книгата влече корени од една каталонска традиција. За празникот свети Жорди во Каталонија се подаруваат рози и книги. Покрај тоа на 23 април починале и легендарните писатели Вилијам Шекспир и Мигел де Сервантес. Во Германија во прославата на Светскиот ден на книгата се вклучени преку 3500 книжарници, илјадници библиотеки и училишта. Насекаде во земјата се одржуваат приредби и манифестации за поттикнување на љубовта кон читањето. Преку еден милион ученици згора на тоа денеска за подарок ќе добијат книга.