Спорт
Направија бербат на Австрaлија Опен
19 јануари 2019Реклама
Тоа беше најдоцниот почеток на еден Гренд слем меч во тениската историја. Една од причините: бербатот кој го направија галебите. Дури во 00:30 Гарбиње Мугуруза и Јохана Конта можеа да го започнат својот дуел на Австралија Опен. Кога стана јасно дека двата претходни дуела ќе се одолговлечат, двете дами требаше да се преселат во друг терен . Но, со оглед дека чистењето на празниот терен од валканиците од љубобитните галеби ќе траеше предолго, тие мораа да го чекаат завршетокот на претходниот меч.