1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Болката“ на физичката дистанца

СН/агенции
27 февруари 2021

Уметничкиот проект на членовите на балетскиот ансамбл од Штудгарт има за цел да укаже како физичката дистанца за време на пандемијата влијае врз луѓето и колку е важна блискоста како дел од општественото заедништво.

https://p.dw.com/p/3q03a
BDTD Stuttgart Kunstaktion "Social Distance Stacks"
Фотографија: Sebastian Gollnow/dpa/picture alliance

Дистанцата ја симболизираат пластичните балони кои истовремено укажуваат на драматичната состојба на уметниците и на институциите за култура во време на коронавирусот.

Инаку културните установи во Германија се затворени повеќе од четири месеци во рамките на рестрикциите за справување со вториот бран на коронавирусот.

Исто така во овој период важат и строги ограничувања за приватни средби на граѓаните како и за одржување на физичка дистанца.

Симфониски концерт од покривите на висококатници

Повеќе:

-Германија и Ковид-19: Меѓу копнежот за отворање и следниот бран

-Над 20 милиони Германци соочени со зголемен ризик од тежок тек на Ковид-19

-Германија стравува од трет бран коронавирус, остануваат рестрикциите

Во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани преку 9700 нови инфекции и 369 смртни случаи од последиците на Ковид-19.

Бројките на нови случаи по речиси двомесечниот пад сега се во благ раст, веројатно поради новите позаразни мутациии кои се шират во земјата. Тоа не навестува добро за можното ублажување на рестрикциите за приватните средби и отворање на културните установи.