Учество во Белене - добра инвестиција?
8 декември 2010Македонската Влада сериозно размислува за вклучување во проектот "Белене". Дали земјата треба да инвестира во изградбата на бугарската нуклеарна централа е прашање за кое е побарано мислење од стручен тим со кој раководи вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Тој во изјава за Дојче Веле нуди повеќе аргументи кои треба добро да се измерат.
Инвестицијата ќе се исплати за 13-14 години
Официјалната понуда за Македонија е доставена преку амбасадорот на Бугарија во Скопје. Македонската страна побарала дополнителни информации за предвидената сопственичка структура во „Белене" и за учеството на руски и други партнери во проектот. Експертите имаат различни ставови во врска со проектот Белене но согласни се дека Македонија мора да инвестира во изградба на нови енергетски капацитети. Според професорот Атанаско Туневски влезот во Белене би претставувал добра инвестиција. „Инвестицијата од 350 до 400 милиони за македонскиот влез во Белене ќе се исплати за 13 до 14 години“.
Белене остана без стратешки партнер
Да не се приклучуваме на изградбата на нуклеарка во Бугарија туку да изградиме наша македонска, вели проферосорот Константин Димитров. Смета дека тоа е поповолна опција. „Тоа би било подобро решение иако ќе треба повеќе време. Има многу за и против аргументи кои ги анализира официјално Скопје пред да одговори на понудата на Софија. Неодамна Хрватска одби да се приклучи кон проектот "Белене" со образложение дека земјата има своја енергетска стратегија. По повлекувањето на германскиот РВЕ поради економската криза, бугарскиот проект остана без стратешки партнер.
Автор: Горан Петревски
Редактор: Симе Недевски