Украина - Парламентот го игнорира распуштањето
3 април 2007Реклама
Во Украина се заострува политичката криза. Про – руски ориентираниот премиер Виктор Јанукович пред околу 1000 проврзаници во Киев изјави дека одлуката на претседател Виктор Јушченко за распуштање на Парламентот е фатална грешка. Доколку одлуката не биде повлечена ќе бидат неизбежни не само парламентарни туку и претседателски избори. Во текот на денов двајцата политичари ќе остварат кризна средба. Пратениците предводени од проруски ориентираниот премиер Виктор Јанукович меѓутоа не ја почитуваат одлуката и на вонредна седница усвоија декларација, со која најавуваат продолжување на својата работа.