Убедлив камбек на Владимир Кличко
25 април 2005Поранешниот светски првак од Украина Владимир Кличко во саботата вечерта пред 9 илјади гледачи во Дортмунд го нокаутира во 4-тата рунда американскиот боксер Елисео Кастилјо, инаку кубански бегалец. „Се вратив и се радувам што повторно сум во рингот со позитивни резултати“ – рече Владимир Кличко, алудирајќи на двата тешки пораза во претходните борби, по што многумина веќе „го отпишаа“. Во саботата тој со мудра тактика го подготви теренот за завршниот удар, практично не беше ниту еднаш посериозно погоден од противникот и сега, по 44-тата победа во својата 47-ма борба како професионалец повторно може да се надева на светската титула. „Задоволен сум, но не би сакал да се удирам во градите и да речам: ’јас сум најголемиот‘. Не, не сум. Морам уште многу да работам“ – рече 29-годишниот Владимир Кличко, покажувајќи и со тоа дека извлекол поуки од поразите.