Тројца мртви при американски воздушен напад во Диванија
7 април 2007Реклама
Американски борбени авиони нападнаа цели во ирачкиот град Диванија, каде веќе два дена се водат борби меѓу ирачките војници и шиитските милиции. Според американската војска убиени се тројца милиционери а шест се повредени. Уапсени се 27 шиитски борци. Како што соопшти ирачката армија, при нападот уништени се две куќи. Диванија се наоѓа 180 километри јужно од Багдад.