Тејлор не се појави во Хаг
4 јуни 2007Реклама
Поранешниот либериски претседател Чарлс Тејлор го бојкотира судењето и денеска не се појави пред судот за воени злосторства во Хаг, каде е обвинет за убиства, силувања и малтретирање за време на граѓанската војна во Сиера Леоне. Тејлор во писмена форма ги отфрли 11 обвинувања за воени злосторства и злосторства против човештвото. Судскиот совет одлучи да го продолжи судењето иако Тејлор не присуствува на него. За време на војната во Сиера Леоне се смета дека загинале над 50.000 лица.