Тејлор во Хаг
4 јуни 2007Реклама
Поранешниот либериски претседател Чарлс Тејлор денеска треба да се појави пред судот за воени злосторства во Хаг. Тој е обвинет за убиства, силувања и малтретирање за време на граѓанската војна во Сиера Леоне. Тејлор ги отфрли 11 обвинувања за воени злосторства и злосторства против човештвото. За време на војната во Сиера Леоне се смета дека загинале над 50.000 лица.