1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Техниката поскапа во 2009 година

Агенции / T.T.5 јануари 2009

Електронските уреди - телевизорите, компјутерите и камерите - во 2009 година неизбежно ќе мораат да поскапат за 10 до 15 отсто, сметаат аналитичарите.

https://p.dw.com/p/GLQP
Производителите се сепак оптимистиФотографија: picture-alliance/dpa

Растот на курсот на јенот во однос на доларот (12 отсто), заедно со растот на доларот во однос на еврото (16 отсто), ќе влијае врз цената на готовиот производ, бидејќи јапонските производители на електроника изработуваат најголем дел од компонентите за таа индустрија во азиските земји.

Производителите на електронски апарати се сепак оптимисти, бидејќи во тешки времиња луѓето сакаат да уживаат, па кога нема дa можат да трошат на патувања или на скапи автомобили, парите ќе ги даваат на производи за разонода во домот, сметаат аналитичарите.