Талабани: Турција ќе ги нападне ПКК во Ирак
17 ноември 2007Реклама
Речиси е сигурно дека турските сили ќе извршат напад врз позициите на бунтовничките Курди од ПКК во северен Ирак, изјави ирачкиот претседател Џалал Талабани. Нападот ќе биде лимитиран и нема да се одрази врз односите меѓу Турција и Ирак или меѓу Турција и Курдите, вели Талабани во интервју за кувајтската агенција Куна. Талабани кој по националност е Курд, нагласува дека ирачките власти побарале од ПКК да го положи оружјето и да ја напушти ирачката територија. Претходно турскиот генерал Басбург изјави дека турските сили веќе се подготвуваат за воена операција против ПКК.