1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судири во појасот на Газа

27 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anuw

Израелското воздухопловство повторно нападна цели во појасот на Газа. Има најмалку петмина загинати Палестинци и исто толку повредени. Двајца Палестинци се убиени во престрелка со израелската полиција во Источен Ерусалим. Хамас ги означи израелските напади како објава на војна и се закани дека тие можат да влијаат врз судбината на израелскиот војник Гилад Шалит, кој веќе речиси една година е заложник на радикални палестинци.