Стејт департмент - поздравен предлогот на Нимиц
24 октомври 2007Реклама
Американскиот Стејт департмент позитивно го оцени предлогот на Метју Нимиц, посредник на ОН во спорот со името меѓу Грција и Македонија, разговорите на двете држави да продолжат на први ноември. Портпаролот Шон Меккормак не потврди дали и САД ќе се вклучат во разговорите.Тој изјави дека неговата влада донесе одлука за прашањето, индиректно укажувајќи дека САД ја признаа Македонија под уставното име.