Средба Еленовски-Гејтс во Вашингтон
3 ноември 2007Реклама
САД преку министерот за одбрана Роберт Гејтс уште еднаш ја потврдија безрезервната подршка за влез на Македонија во НАТО –пренесува агенцијата МИА. Гејтс во Вашингтон вчера со македонскиот колега Лазар Еленовски разговараше за реформите во македонската армија и безбедносната ситуација во регионот.
Еленовски го информирал Гејтс и за одлуката на македонската влада за зголемување на контингентот војници на АРМ во Ирак.