Солана – Коштуница – Косово
12 септември 2007Реклама
Координаторот на европската надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана денеска во Брисел нагласи дека соработката на Србија со Хашкиот трибунал е услов за потпишување на Спогодбата за стабилизиација и асоцијација. Тој по средбата со српскиот премиер Воислав Коштуница најави дека наскоро во Белград ќе допатува Главниот обвинител на Трибуналот Карла дел Понте. Коштуница порача дека Србија е свесна за нужноста да ја доврши соработката со Хаг, но исто така соопшти дека е можно обвинетиот Ратко Младиќ да не е во Србија.