Словенија ја поддржува Македонија кон НАТО
27 јули 2007Словенија е познат лобист за евроатланските амбиции на Македонија.Таа е корординатор во НАТО во наредните две години,а ќе претседава и со ЕУ од први јануари догодина.
Македонија во НАТО-идната година,со ваква сигурност настапи гостинот од Љубљана,словенечкиот министер за одбрана:
„Македонија би можела да стане членка на НАТО по самитот во Букурешт,такви шанси имаат уште Албанија и Хрватска.Тоа мислење го дели мнозинството во Алијансата,изјави во Скопје Карл Ерјавец,словенечкиот министер за одбрана.
Македонија се поинтензивно го нуди својот воен полигон во Криволак,Неготинско,за обука и вежба на членките на НАТО.
„Се разбира дека тоа е една од нашите погодности кои ги нуди самиот полигон Криволак,како што знаете,станува збор за еден од најголемите полигони во овој дел од Европа и сметаме дека во рамките на се поблиското зачленување во НАТО нашата обврска ќе биде се поголема„,изјави македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски.
Двајцата министри се согласија и словенечките војници да тренираат на Криволак.Неодамна таму вежбаа и дел од британските армиски специјалци кои заминуваат во пустинско степските услови во Авганистан.
Словенечките прогнози за НАТО шансите се добредојдени и поради македонските претензии во секој случај по Букурешт земјата да стане да стане дел од Алијансата.