Скопје и Тирана најевтини градови во Европа
12 јули 2011Испитувани се цените на алкохолот и тутунот, облеката и обувките, условите во домаќинството, храната дома и надвор од домот, домашните резерви, трошоците за спорт и слободно време, како и за транспортот и комуналиите. Тие цени се споредувани со оние во Њујорк, кој е земен како град кој е основа за компарација во истражувањето.
Три европски градови се меѓу 10-те најскапи во светот
Додека Скопје и Тирана стојат на 200-тото место на листата на европски градови, во горниот дел од табелата се Москва, Женева, Цирих, Осло и Берн како градови во кои дури и на работниците од странските компании живеачката им е скапа. По нив следуваат Копенхаген, Лондон, Милано, Париз, Санкт Петерзбург, Рим и Виена. Само три европски градови се меѓу топ 10-те најскапи.
Експертката од „Мерчер“, Петра Лик, за порталот „Д мен“ објаснува зошто тоа е така:
„Во глобала, трошоците за живот во Европа останаа релативно стабилни. Како и да е, многу градови од овој регион отпаднаа од рангирањето. Во основа тоа е поради фактот дека животот во градовите во другите региони стана многу поскап. Минативе месеци во многу делови од светот имаше драматични настани, како природни катастрофи и политички пресврти. Тоа влијае на флуктуациите на валутите, предизвикува инфлација на цените на стоките и услугите, а цените за сместување почнуваат да испаруваат“.
Од германските градови, најскап е Франкуфрт. Трошоците за живот се малку поевтини во споредба со Франкфурт во Минхен, Берлин, Хамбург, Дизелдорф, Штудгард и Лајпциг.
Најскапо е во Луанда
Во светот најскап град за живеење, дури и на работниците испратени од странските компании, е Луанда во Ангола. Токио е втор, а трет е градот Н'џамена во Чад.
Сите податоци од традиционалното истражување на „Мерчер“ се наменети како за компаниите кои испраќаат вработени на работа во странство, така и за владинисте институции кои праќаат персонал на мисија во странство.
Автор: Александар Методијев/мерчер
Редактор: Борис Георгиевски