Сигурен настап на германските преставници во Лигата на шампиони
19 октомври 2006Баварците триумфираа иако речиси половина натпревар играа без Бастијан Швајнштајгер кој беше исклучен во 47 минута. Инаку тој беше стрелец на единствениот гол кој падна во првото полувреме. Тренерот Феликс Магат секако е задоволен
“ Денеска сум многу задоволен, се разбира заради победата, но и одличната борбеност која ја покажавме во второто полувреме. Многу сум среќен што по три одиграни натпревари се наоѓаме на врвот на табелата со максимални девет освоени бодови, што ни дава големи шанси како први да вклеземе во наредната рунда натпревари“
Бразилското дуо Налдо и Диего беа творци на победата за Вердер.
Во останатите натпревари. Челзи оствари значајна победа против актуелниот европски шампион Барселона. Натпреварот го реши Дидие Дрогба со гол на почетокот од второто полувреме. Првата победа ја забележа Интер кој го совлада Спартак од Москва со 2:1
Галатасарај на домашен терен загуби од ПСВ Ајндховен со 2:0, на гостински терен триумфираше и Ливерпул кој со минимални 1:0 го совлада Бордо. Во групата Д- Валенсија Шахтјор 2:0, Олимпијакос Рома 0:1. Деенес на програмата се натпреварите во рамки на купот на УЕФА