Се уште сериозна ситуацијата во Калифорнија
27 октомври 2007Реклама
Ситуацијата со пожарите во Калифорнија е се уште сериозна. Шест дена од избувнувањето на огновите, под контрола се 17 од 23 активни огна. Во пожарите досега настрадале 7 лица, а 64 се повредени. Изгорени се над 2000 куќи. Полицијата уапси пет лица за кои се сомнева дека ги подметнале некои од пожарите.