Се влошува ситуацијата во Газа
20 јуни 2007Реклама
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази загриженост поради ситуацијата во појасот на Газа,за што телефонски разговарал и со палестинскиот претседател Махмуд Абас и шефот на преодната влада Салам Фајад,како и со јордански претставници.Хуманитарната состојба на луѓето во Газа е алармантна.Оттаму стотици луѓе бегаат поради тоа што Хамас ја презеде контролата.Египет најави преместување на својата амбасада од Газа во Рамала,на Западниот брег.