Северна Кореја – атомски планови
18 јуни 2007Реклама
Според оценката на американскиот пратеник во шест-партитните преговори, Кристофер Хил, Северна Кореја би можела наскоро да ги затвори спорните атомски постројки во Јонгбион. Хил во Пекинг изјави дека подготовките можат да почнат веднаш, а затворањето да уследи по две недели. Руската новинска агенција Интерфакс јави дека запечатувањето на реакторот би траело до крајот на јули.