Сателитот на НАСА паднал неконтролирано на Земјата
24 септември 2011Дали остатоците од сателитот навистина се урнале во океанот, не се знае со сигруност. НАСА пресмета дека сателитот ќе се распадне на околу сто дела, од кои повеќето ќе изгорат на патот кон Земјата. 26 големи делови, со вкупна тежина од 544 килограми би можеле да стигнат до Земјата, оценува НАСА. Сепак, опасноста од парчињата од сателитот беше проценета како мала. Од почетокот на вселенските летови, досега ниту еден човек не бил повреден од делови кои паднале на Земјата.
Руските вселенски експерти предвидоа дека остатоци од сателитот ќе паднат во Индискиот Океан, северно од ненаселениот островски архипелаг Кроза.
Сателитот е лансиран во 1991 година од шатлот „Дискавери“ и функционираше на висина од 600 километри.
Автор: ЖА/ЕМФ/миа/дв
Редактор: Е. М. Фиданоска
-