Роџер Цицеро патува во Хелсинки
9 март 200736 годишниот музичарот Роџер Цицеро имаше одличен тајминг да ја претстави својата песна кандидат за претставник на Евросонг. Тој на Меѓународниот ден на жената , пееше : Жените го владеат светот и убедливо победи зад останатите двајца конкуренти , рок музичарот Хејнц Рудолф Кунце и женскиот бенд Монроус .
Цицеро не криеше дека солзите биле блиску кога дозна за победата
„ Јас бев целосно обеземен и воопшто не множев да поверувам а и солзите беа многу блиску , мора да признаам .
Задоволни од успехот на Цицеро беа и голем број љубители на музиката во Германија:
„Супер успех , Одлучно.
Да супер. Јас истотака глкасав за него . Извонредно
Што се однесува до конкурентите на Цицеро , рокпејачот Кунџце искусно и смирено го прифати поразот , додека младите девојки од кастинг-бендот Монроуз многу поемотивно покажаа колку посакувале да настапат на бината во Хелсинки:
„Да како што можеше да се види , нормално протекоа и неколку солзи , што мислам дека е нормално во една ваква ситуација . Во тој момент човек си мисли , штета , и ние радо би патувале во Хелсинки“ – рече Бахир Кицил една од трите девојки на Монроуз .
И неизбежно на крајот Роџер Цицеро , беше прашан што очекува од Евросонгот во Хелсинки:
„Секако , ние ќе победиме . Не. Се шегувам . Значи ќе отпатувам таму за да го дадам најдоброто од себе“ .