Рикер – Косово
6 јули 2007Реклама
Шефот на УНМИК Јоаким Рикер изјави дека постојната ситуација на Косово не е одржлива. Загриженоста за ситуацијата тој ќе ја пренесе и во редовниот извештај, што в понеделник ќе му го поднесе на Советот за безбедност на ОН во Њујорк. Според него луѓето го загубиле трпението и се уморни од двојното раководење со покраината. „Иако не ми се допаѓа зборот трпение за да стасаме онаму каде што сакаме, косовскиот народ мора да има уште малку трпение„ – порача Рикер.