Реформите во македонското правосудство сеуште блокирани
9 ноември 2007Реклама
Завршете ги судските реформи,оваа честа критика и упатство од ЕУ и НАТО како да станува и излитена фраза,зашто застојот е дел од дневното политичко тактизирање на македонските политички елити.Случајот со Законот за јавни обвинители станува политичка инерција.Партиите немаат согласност и не може да се постигне двотретинско мнозинство во Парламентот.Во обидот да се деблокира изборот на нови обвинители,владата и постојниот државен обвинител Шврговски,предлагаат избор на нови 23 заменици,но по новата законска процедура и исто така без законска основа.
Од опозицијата веднаш реагираат со критика дека е тоа ново тактизирање на владата.