Референдум во Турција
21 октомври 2007Реклама
Денеска во Турција избирачите во оваа земја излегуваат на референдум за измена на некои уставни одредби. Главни точки се изборот на претседателот на државата, како и времетраењето на неговиот мандат. Според реформскиот пакет што го усвои парламентот, претседателот во иднина ќе го избираат граѓаните, а не како досега парламентот. Освен тоа, тој ќе може на функцијата да остане два мандата од по пет години, а не еден од седум како досега. Општи избори би се одржувале на секои четири, а не како досега на пет години.