Регионална соработка во борбата против криминалот
30 мај 2007Реклама
Јавните обвинителства на Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија, денеска во Охрид, потпишаа меморандум за соработка во борбата против организираниот криминал и трговија со луѓе. Македонскиот јавен обвинител Љубчо Шврговски изјави дека потпишаните меморандуми ќе овозможат побрза и поефикасна соработка при размената на информации и документи за лицата кои кривично се гонат.