Реакции од Македонија на извештајот на ЕК
7 ноември 2007Реклама
Македонската влада зазема став дека извештајот на Европската комисија за напредокот во Македонија е избалансиран. Позитивните оценки за економскиот напредок и релаксирањето на етничките тензии во него се заслуга на владата се вели во Скопје. Во политичките реакции и оценките на експертите преовладуваат критички тонови кон владата. Опозицијата смета дека пораз за владата е што Македонија не доби датум за преговори.